Достапни линкови

Расте бројот на алкохоличари


Клубот на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“ во Прилеп.

Клубот на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“ во Прилеп.

Медицинските стручњаци посочуваат дека постојано расте бројот на алкохоличари. Особено се забележува зголемување на бројот на жени кои имаат проблеми со алкохолот.

Имав само 8 години кога на нашата слава, татко ми ми даде да се напијам вино, зашто и тој секогаш пиеше. Ми рече ајде ти си машко и треба да се напиеш. Тоа беше мојот прв самоубиствен контакт со злото, кое подоцна низ годините ми ја изеде душата, ми го зеде здравјето и среќата на моето семејство. Но, благодарение на Клубот на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“ успеав да се излечам да ја совладам оваа болест, која се закануваше да ми го земе и животот.
Финансиските ефекти од лежењето на еден пациент за еден болнички ден се од 1.800 до 2.400 денари, а најмалку се лежи 2 недели. Така што, продолжениот третман и рехабилитацијата имаат голема заштеда особено во Фондот за здравство.

Вака накусо ни ја раскажа својата животна приказна еден прилепчанец, кој сепак инсистираше на својата анонимност, зашто вели стигмизацијата е се уште карактеристична за нашата средина. Во Клубот, во изминативе 3 децении се излекувале уште 3.500 други апстиненти.
Тошко Причов, претседател на Клубот на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“ во Прилеп.

Тошко Причов, претседател на Клубот на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“ во Прилеп.


„Финансиските ефекти од лежењето на еден пациент за еден болнички ден се од 1.800 до 2.400 денари, а најмалку се лежи 2 недели. Така што, продолжениот третман и рехабилитацијата имаат голема заштеда особено во Фондот за здравство“, вели Јован Велески, специјалист по медицинска психологија и терапевт волонтер во Клубот на лекувани алкохоличари во Прилеп.
Бараме, имаме и доставено проекти до Влада на Република Македонија, но немаме никаков одговор. Само од локалната самоуправа последниве две години што ни помогна, преклани со 7.000, а лани со 15.000 денари.

Со цел непречено да се реализираат сите планирани активности, оваа асоцијација бара помош и од ресорното Министерство, бидејќи често се соочува со проблемот да не може да ги плати сметките за струја. Ова е случај годинава, кога и покрај помошта од локалната самоуправа, им останува долг од 2000 денари, кои со симболичната членарина од 50 денари, апстинентите не може да го платат. А, посетата на Клубот е клучна во нивното лекување.

„Бараме, имаме и доставено проекти до Влада на Република Македонија, но немаме никаков одговор. Само од локалната самоуправа последниве две години што ни помогна, преклани со 7.000, а лани со 15.000 денари“, вели Тошко Причов, претседател на прилепскиот Клуб.

Од друга страна, медицинските стручњаци посочуваат дека бројот на алкохоличари постојано расте. Во Македонија се евидентирани над 60.000 зависници или вкупно 250.000 граѓани секој ден се жртви на последиците од оваа зависност, од која најмногу страдаат младите.

„Иако порано биле на еден маж, 4-5 жени, сега според податоците се 7-8 жени доаѓаат на лекување, што е навистина голема бројка. Доколку порано тоа беа жени домаќинки, сега се жени интелектуалки, наши колешки, лекари, професори, банкари, значи на видни позиции“, потенцира д-р Павлина Васкова, од републичкото здружение за борба против алкохолизмот.

Оваа асоцијација бара да се донесе нова законска регулатива за да се лиценцираат објектите во кои се продава и служи алкохол, како и во другите европски држави. Зголемена е таксата за продажба на алкохолни пијалоци, а дел од тие средства да бидат наменети за превентивни активности на здружението и на други организации.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG