Достапни линкови

logo-print

Реџепи: Помина времето за референдум на Косово


Бајрам Реџепи

Бајрам Реџепи

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека времето за референдум на Косово е одамна поминато, како и дека косовските власти нема да реагираат на неговото одржување во северниот дел на Косово. „На крајот Србите во северниот дел на Косово можат да одржат референдум, но тоа нема да има никакви правни последици. Ние тоа целосно ќе го игнорираме” рече Реџепи за радио КИМ. Во однос на спроведувањето на договорот за слободно движење, кој е постигнат на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел и незадоволството на граѓаните од него, Реџепи изјави дека целта на договорот била да се олесни движењето на сите граѓани.
XS
SM
MD
LG