Достапни линкови

logo-print

Уапсени тројца опозиционери во Казахстан


Тројца претставници на опозициската Национална социјал демократска партија биле уапсени за време не протестите во Казахстан, јави казахстанскиот сервис на Радио Слободна Европа. Еден опозиционер бил казнет за организирање на протестите. Медиумите различно го проценуваат бројот на демонстранти кои протестираат во Казахстан денеска. Некои јавуваат дека се собрале 300 додека други известуват дека 1.000 луѓе изразуваат незадоволство од претседателот Нурсултан Назарбаев на централниот плоштад во Алма Ата. Полицајците го обиколија плоштадот и според медиумските извештаи, не го попречуваат протестот.
XS
SM
MD
LG