Достапни линкови

Седуммина Сиријски војници убиени во заседа


Неколкумина од поранешните сиријски војници кои се приклучија кон бунтовничкодо движење

Неколкумина од поранешните сиријски војници кои се приклучија кон бунтовничкодо движење

Сиријските државни медиуми јавија дека седуммина војници загинале во заседа. Новинската агенција „Сана” јави дека терористичка група го извршила нападот врз автобусот на војниците во близина на Дамаск. Терминот „терористи” често се употребува кога се мисли на бунтовниците. Инцидентот се случи откако бунтовничи групи на поранешни припадници на сиријската војска им се придружија на анти-владините демонстранти. Сиријските активисти, од друга страна, тврдат дека припадници на војската убиле 11 лица во близина на Дамаск денеска.
XS
SM
MD
LG