Достапни линкови

Ракометарите пристигнаа во Македонија


Направивме историски успех, успех на нашиот спорт. Тоа го направивме со заеднички сили на нашиот стручен штаб и со вашата огромна поддршка, изјави капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, по пристигнувањето на граничниот премин Табановце. „Вие бевте нашиот осми играч и се надевам дека и во иднина ќе продолжиме така. Го оставивме срцето на терен, се боревме максимално и се надевам дека ќе продолжиме така” рече Лазаров. Селекторот Ѕвонко Шундовски нагласи дека и покажавме на цела Европа како се игра со срце на терен и како се бодри својата репрезентација. Македонските ракометари придружувани од неколку стотина македонски граѓани од граничниот премин Табановце се упатија кон плоштадот „Македонија“ во Скопје
XS
SM
MD
LG