Достапни линкови

logo-print

Грција одбива ЕУ да и го контролира буџетот


Грција нема да дозволи контрола на нејзиниот буџет од страна на Европската Унија, како што предложила Германија во замена за наредниот пакет финансиска помош. Агенциите пренесуваат изјава на претставник на грчката влада кој рекол дека Грција нема да прифати такво нешто бидејки тоа било прашање на национален суверенитет. Фајненшел Тајмс денеска наведува дека според планот на Германија, претставник на министрите за финансии од евро-зоната би требало да има можност да стави вето на одлуките на грчката влада во врска со буџетот.
XS
SM
MD
LG