Достапни линкови

logo-print

Карзаи денеска во посета на Лондон


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи, кој е на турнеја низ Европа, денеска во Лондон ќе разговара со британскиот премиер Дејвид Камерон. Вчера во Париз, Карзаи и францускиот претседател Никола Саркози ја договорија времената рамка за предавање на воените операции во Авганистан, од силите на НАТО на авганистанските сили. Саркози изјави дека тоа би требало да се случи во 2013-та година, за кога е планирано и повлекувањето на француските трупи од Авганистан.
XS
SM
MD
LG