Достапни линкови

Денеска пречек на ракометарите


Агенцијата за млади и спорт денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје организра свечен пречек за ракометните репрезентативци на Македонија кои го освоија петтото место на Европското првенство во Србија и со тоа обезбедија учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.
ЈСП „Скопје“ и Град Скопје ќе обезбедат бесплатен превоз за 500 граѓани со 10 автобуси, кои во 11:30 часот од пред СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе тргнат да ги пречекаат ракометарите на граничниот премин Табановце и потоа ќе бидат дел од конвојот со кој македонската ракометна репрезентација ќе пристигне на плоштадот „Македонија“.
Пречекот на граничниот премин Табановце ќе биде во 13 часот. Во 13:30 часот конвојот со ракометарите ќе биде пречекан пред ТЦ „Бисер“ во општина Аеродром, а во 13:45 часот пред Комплексот банки за во 14 часот да пристигне на централна прослава на плоштадот „Македонија“.
ЈСП „Скопје“ од 12 до 16 часот ќе обезбеди и бесплатен превоз на сите линии кои водат кон централното градско подрачје.
XS
SM
MD
LG