Достапни линкови

Амнести - да се испита насилството во Романија


Амнести интернешенел ги повика романските власти да ги испитаат наводите за полициско насилство врз демонстрантите во текот на двете недели анти владини протести. Амнести се повикува на видео снимка на која се гледа како полицијата претепала две лица кои не се однесуваа насилно. Полицијата исто така испрскала со хемикалии човек кој лежел на земја.
Амнести побара од властите да спроведат "брза, независна, темелна и ефективна истрага." Властите презедоа истрага против четворица полицајци за нивното однесување за време на судирите.
XS
SM
MD
LG