Достапни линкови

logo-print

Груевски - кодошите се против вистината


Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека одлуката на Уставниот суд да се стопира лустрацијата за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори е донесена под притисок на одредени фактори кои имаат интерес да се урне процесот.
„Тоа се луѓе кои во минатото биле кодоши заради личен интерес, напредок во кариера или слично, а некаде и за пари“, изјави Груевски, и додаде дека тие не кодошеле луѓе кои биле против државата или терористи, туку кои имале различно политичко убедување заради што се нашле во затвори, а на многу од нив насилно им бил прекинат животот. Груевски додаде дека ќе почекаат да видат што точно е оспорено и зошто и потоа ќе заземат став кои чекори ќе ги преземат во иднина.
XS
SM
MD
LG