Достапни линкови

Дијалог Влада - Новинари продолжи


Macedonia - Logo of media organizations - N/A

Macedonia - Logo of media organizations - N/A

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска, во рамките на дијалогот кој се води со Владата на Република Македонија, имаа средби и разговори со вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
- На средбата од страна на ССНМ беа презентирани проблемите од работните односи за кои сметаме дека се приоритетни, аргументите заради кои бараме нивно брзо решавање како и предлог решенија. Станува збор за нетипични видови на вработување во медиумите, како што се хонорарни ангажмани односно со Договор за дело иако Законот за работни односи не познава таков вид вработување, плаќања на црно и злоупотреба на работниците, соработката со Трудовиот инспекторат, бавното решавање на судските процеси од трудово право и нефункционирање на Советот за мирно решавање на работните спорови, соопшти ССНМ.
Од страна на Владата, се посочува во соопштението, беше прифатено дека постојат овие проблеми поради што за идната недела е договорена директна средба на релација Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот на новинарите и медиумските работници на која ќе се разговара за конкретните начини за нивно решавање.
XS
SM
MD
LG