Достапни линкови

Бесими: реално, до самитот на НАТО не се очекува решение за името


Министерот за одбрана Фатмир Бесими

Министерот за одбрана Фатмир Бесими

Министерот за одбрана Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите во Скопје најави интензивна дипломатска активност пред самитот на НАТО во Чикаго, а со цел валоризирање на напорите што го прави Македонија за полноправно членство во Алијансата. Неговите активности опфаќаат присуство на молитвениот појадок во САД, посета на НАТО во Брисел и учество Конференцијата за безбедност во Минхен. Тој на 6 февруари ќе престојува во работна посета на Белград, како и посета на Мултинационалната мировна бригада за Југоисточна Европа со база во Лариса, Грција, со која во моментов командува Македонија. ,,Реално до Самитот на НАТО во Чикаго, не може да се очекува решение за името. Тоа што треба да се направи е да се види кои се опциите во Чикаго, да продолжи дијалот со Грција за името и со неа да се најде решение како Македонија да стане дел од НАТО,, рече министерот за одбрана Фатмир Бесими.
XS
SM
MD
LG