Достапни линкови

logo-print

Укината патната такса за македонските превозници во Србија


Македонските превозници од следниот месец нема да плаќаат патна такса за влез и за транзитирање низ територијата на Србија. Патната такса која се укинува целосно во изминатиот период достигнуваше и до 80 долари, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. Министерството за финансии на Србија донесе одлука за укинување на патната такса за македонските превозници на барање на македонската Влада, а ќе се применува од 1 февруари годинава.
XS
SM
MD
LG