Достапни линкови

Бугарија најави повторен извоз на струја за соседите


Бугарија од денеска ќе го продолжи извозот на електрична енергија кон балканските соседни земји што беше прекинат пред една недела поради штрајк во три рудници за јаглен. Ова денеска го соопшти бугарското министерство за стопанство и енергетика. Меѓу земјите кои увезуваат бугарска струја се Македонија, Србија, Грција и Турција. Бугарија годишно извезува 10 милијарди киловат часови електрична енергија.
XS
SM
MD
LG