Достапни линкови

logo-print

За патниците на Коста Конкордија по 11 илјади евра отштета


Италијанската фирма Коста Круизес која е сопственик на насуканиот брод Коста Конкордија им понуди на патниците отштета од 11 илјади евра. До ова доаѓа по преговорите меѓу компанијата и организациите на италијанските потрошувачи. Фирмата понудила и враќање на парите за крстосувањето како и исплата на сите медицински и патни трошоци. Патниците и членовите на екипажот имаат право да покренат законска постапка доколку не се задоволни од договореното. Во несреќата која се случи на 13 овој месец, загинаа 16 патници, додека уште толку се водат за исчезнати. Во бродот имало повеќе од 4000 луѓе.
XS
SM
MD
LG