Достапни линкови

Додик во посета на Македонија


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Претседателот на Република Српска се сретна со претседателот Ѓорге Иванов со кого разменија мислења за актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа.

Босна и Херцеговина по две години договарања и преговарања, сепак успеа да го формира министерскиот совет односно својата влада. Од тој аспект треба да се разгледува посетата на првиот човек на Република Српска, како продлабочување на соработката на Македонија од земјите од регионот.
Не очекувам некои посебни барања или резултати од ова посета. Таа повеќе може да биде во контекст на проширување на соработката, но пак од друга страна треба да се има во предвид дека секоја посета, секој разговор е добредојден за натамошниот развој на регионот.
Благоја Марковски, Балкански Форум за безбедност.

Ова е коментарот на експертите во врска со посетата на претседателот на Република Српска Милорад Додик на Македонија и неговата средба со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов.

По средбата, од Кабинетот на претседателот соопштуваат дека Иванов искажал задоволство од развојот на пријателските односи и од севкупната соработка меѓу Македонија и Босна и Херцеговина, вклучително и Република Српска.

Двајцата соговорници се согласиле дека акцентот во натамошниот развој на соработката треба да биде ставен на економската соработка и трговската размена.
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Република Српска Милорад Додик
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Република Српска Милорад Додик
​Според Иванов и покрај значителниот напредок постигнат во изминатите години, на регионот му e неопходна јасна перспектива за напредок во започнатите интегративни процеси.

„Не очекувам некои посебни барања или резултати од ова посета. Таа повеќе може да биде во контекст на проширување на соработката, но пак од друга страна треба да се има во предвид дека секоја посета, секој
И покрај значителниот напредок постигнат во изминатите години, на регионот му e неопходна јасна перспектива за напредок во започнатите интегративни процеси.
Соопштение од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
разговор е добредојден за натамошниот развој на регионот“, вели Благоја Марковски од Балканскиот Форум за безбедност.

Со некои негови ставови, Додик носи име на поекстремен политичар. Благоја Марковски нагласува дека сето она што се случува во БиХ треба да се разгледува низ аспект на регионалната соработка. Република Српска е сепак со огранични можности за што било особено да оствари, па во контекст на средбата повеќе може да се каже дека е остварена некоја соработка. Со сличен став е и политичкиот аналитичар Мерсел Биљали.

„Се работи за легитимен претставник на еден ентитет кој е произлезен од еден важен меѓународне договор и важно е да се одржува ситем на комуникација со сите држави и ентитети, затоа што регионот е многу чувствителен и не треба да се создаваат впечатоци дека се афирмира една структура на штета на друга заедница или држава.“

На денешната агенада на Додик е и средба со премиерот Никола Груевски и присуство на Светосавската академија во Скопје, по повод Денот на Свети Сава. Додик престојува во еднодневна посета на Македонија заедно со претседателот на Собранието на Србија Славица Ѓукиќ-Дејановиќ.

Пред неколку месеци, во посета на Македонија беше Претседавачот со босанското Претседателство, Жељко Комшиќ. Тој меѓудругото нагласи дека смета оти веќе е завршен процесот на цртање на границите на Балканот, а политичките и економските односи меѓу двете земји беа оценети како одлични и без отворени прашања.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG