Достапни линкови

Лустрацијата на пауза


Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев.
Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев.

Лустраторите ќе може да здивнат, работата со проверка на изјави за соработка со тајните служби во наредниве два месеци ќе им се намали за двојно. Тие ќе ја почитуваат одлуката на Уставен суд за времено запирање на дел од лустрацијата.

Претседателот на комисијата за верификација на факти Томе Аџиев изјави дека ќе го почитува решението на Уставниот Суд за приверемено запирање на дел од лустрацијата, односно кога ќе го добие решението, тогаш ќе престанат да примаат изјави за несоработка со тајните служби од онаа категорија граѓани за која Уставниот суд смета дека не треба да се лустрираат.
Новинарите направија кампања, ама добро, тоа си е на товар на новинарите, ќе си имаат новинари кодоши, па нека се борат со нив. Имаа шанси да се прочистат, ама ја пропуштија. Вака сега најскокотливи, најголем проблем ќе ви бидат токму тие што можеби биле соработници.
Томе Аџиев, претседател на Комисија за верификација на факти.

„Просто, едноставно ќе ги прекинеме како и минатиот пат кога имаше времена мерка од Судот.“

За Уставниот суд спорни се 12 членови од законот со кои се опфаќа лустрирање на новинарите, уредиците, вработените во медиуми, како и нивните основачи, поранешни функционери, адвокати, медијатори, членовите на невладините организации, верските заедници и претставниците на се она што во законот е дефинирано како „организација“, затоа што, според Судот, тие не се носители на јавни функции.

Аџиев додава дека сега со ваквата мерка новинарите ја пропуштија шансата да се прочистат од
Државен архив
Државен архив
кодошите во нивните редови.

„Новинарите направија кампања, ама добро, тоа си е на товар на новинарите, ќе си имаат новинари кодоши, па нека се борат со нив. Имаа шанси да се прочистат, ама ја пропуштија. Вака сега најскокотливи, најголем проблем ќе ви бидат токму тие што можеби биле соработници.“
Судиите, обвинителите, а ние се уште ги немаме завршено, значи тоа остава впечаток дека ние нив не сакаме да ги работиме, ги работиме бившите, а тоа се бивши кои моментално се и пензионери, а овие актуелните што се судии и министри остануваат нелустрирани.
Јанаќе Витановски, Комисија за верификација на факти

Дел од членовите на комисијата сметаат дека претседателот Аџиев селективно и тенденциозно отварал постапки за поранешните функционери со цел да се избегне лустрирањето на актуелните. Тие во неколку наврати јавно ги искажуваа своите сомнежи дека таквата практика на Аџиев била само исполнување на политичка задача затоа што актуелни функционери кои се на 7 место по важност во државата не се лустрирани.

„Судиите, обвинителите, а ние се уште ги немаме завршено, значи тоа остава впечаток дека ние нив не сакаме да ги работиме, ги работиме бившите, а тоа се бивши кои моментално се и пензионери, а овие актуелните што се судии и министри остануваат нелустрирани. Имаме советници кои се уште не лустрирани, а веќе знаеме дека нивниот мандат наредната година ќе им заврши, а ние не сме ги излустрирале, има многу такви не се само тие“, вели еден од членовите на комисијата, Јанаќе Витановски.

Ваквите обвинувања Аџиев ги негира, вели дека ги работеле случаите според документите што ги добивале од инстутиците и дека тој не работел селективно, додавајќи дека нема да ги коментира изјавите на „дежурните контраши“ од Комисијата.

За денеска е закажана и првата седница по соопштувањето на привремената мерка од Уставниот Суд. Пред почетокот на седницата, Витановски рече дека е неизвесно што ќе работат, затоа што ни денеска не ја добиле одлуката на Уставниот суд, ниту некој ги известил каков ќе биде дневниот ред. Комисијата досега на 26 луѓе не им ја верификуваше изјавата за несоработка со тајните служби. За дел од нив се веќе донесени и конечни решенија, додека за останатите се отворени постапки во Управниот суд поради поднесени жалби.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG