Достапни линкови

Бомбашки напад во Багдад - 28 загинати


Во шиитскиот кварт Зафаранија во Багдад, како што јавуваат новинските агенции, одекнала експлозија од автромобил бомба. При тоа се јавува дека најмалку 28 луѓе загинале, а над 50 биле ранети.
Цел на овој самоубиствен бомбашки напад била погребна церемонија на еден агент за продажба на недвижности кој бил убиен вчера заедно со жената и синот во Багдад.
Инцидентите во Ирак се зголемија откако американските сили ја напуштија земјата минатиот месец.
XS
SM
MD
LG