Достапни линкови

САД - републикански дуел за имигрантите


Мит Ромни и Њут Гингрич

Мит Ромни и Њут Гингрич

Неколку дена пред клучната партиска номинација во Флорида двајцата водечки кандидати на републиканците за американски претседател се судрија за прашањето на имиграцијата.
Во дебатата во градот Џексонвил, поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич се обиде да го претстави поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни како кандидат кој е против принање на нови имигранти во Америка. Ромни рече дека е навреден бидејки неговиот татко е роден во Мексико.
Тоа беше последниот дуел на републиканците пред изборите во Флорида во кои победникот добива 50 пратеници во трката за номинација за против канидат на американскиот претседател Барак Обама на изборите во ноември. Гингрич победи минатата недела во Јужна Каролина, а Ромни беше победник на претходните избори во Њу Хемпшир.
XS
SM
MD
LG