Достапни линкови

Данска сака Бугарија и Романија да влезат во Шенген


Данска, која е претседавач со ЕУ, соопшти вчера дека на Романија и Бугарија треба да им биде дозволено да се зачленат во Шенгенската зона и покрај стравувањата од корупција во двете држави.
- „Нема пречки за тоа Романија и Бугарија да бидат членки на Шенгенскиот систем“, изјави данскиот министер за правда Мортен Баодскоу.
Двете држави се обидуваат да се присоединат кон 25-члената зона, но Холандија се спротиставува со мотив дека двете источноевропски држави прво треба да постигнат напредок во борбата со корупцијата.
Баодскоу нагласи дека Данска ќе се обиде да најде решение за проблемот за време на претседателствувањето со Унијата.
XS
SM
MD
LG