Достапни линкови

САД немаат намери да криминализираат изјави


Aмериканскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Aмериканскиот државен секретар Хилари Клинтон.

САД нема да тргнат по патот на Франција и немаат намера да го криминализираат негирањето на геноцидот над Ерменците за време на Првата светска војна, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
- Една од нашите најсилни страни е тоа што не ги криминализираме изјавите на луѓето, изјави Клинтон. Во однос на признавањето на ерменскиот геноцид, Клинтон нагласи дека дебатите на таа тема треба да се водат од историчарите, а не од политичарите.
Францускиот Сенат на 23 јануари усвои закон со кој се казнува негирањето на секој геноцид признат од француските закони, вклучително и на ерменскиот.
Според Ерменија, за време на Отоманската Империја во периодот од 1915 до 1918 година систематски биле убиени 1,5 милиони Ерменци. Турција тврди дека жртвите се меѓу 250.000 и 500.000 и категорично ги отфрла обвнинувањата за геноцид.
Францускиот закон предизвика дипломатска криза меѓу Анакра и Париз и доведе до замрзнување на сета политичка и воена соработка со Франција од турска страна.
XS
SM
MD
LG