Достапни линкови

Наши херои


Дарко Давитковски Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Дарко Давитковски Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Бев еден од „армијата“ фанови кои тргнаа да ги бодрат нашите ракометари, опремен со знамиња, маици, шалови, пишува за РСЕ Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Изминативе денови во Македонија ги одбележа спортот, поточно Европското ракометно првенство во Србија. Не само што голем број граѓани отпатуваа до Ниш и Белград да ја бодрат нашата репрезентација, туку и телевизијата што го врши преносот велат го срушила рекордот на гледаност досега во Македонија. За среќа имав можност да ги проследам натпреварите во Ниш, сите три, со карти купени уште од летото. Едвај го дочекав овој настан затоа сакам и да го споделам ова чувство со Вас. Бев еден од „армијата“ фанови кои тргнаа да ги бодрат нашите ракометари, опремен со знамиња, маици, шалови...

Еуфоријата голема како никогаш до сега. Салата преполна со навивачи или како што велат осмиот играч на секој натпревар. Темпо на игра како диктирано од публиката. Во случајов се согласувам со коментарите од поискусните дека притисокот од публиката придонесе да се извадат неколку гола плус, проценти плус од максимумот на играчите, притисок плус за судиите. На сите изиграни натпревари колони од возила автобуси. Кафаните работат, кафичите полни, во Ниш се’ беше обоено црвено-жолто.

Ова е до сега најголем успех на нашите ракометари и не треба да заборавивме дека сме очи во очи со светските ракометни репрезентации на еден од најтешките мундијали. Единствено ми е криво за неколкуте несреќни порази. Причините ги оставам на стручните штабови, задолжени, тренери, селектори. Впрочем поголем дел Македонска јавност на Фејсбук станаа експерти после еден натпревар. Се изнаслушавме се’ и сешто, и карма и среќа, и услови и време, и капитен и селектор, и публика и притисок, и судии и играчи па ни наместиле или не.
Велат не треба да се меша политиката и спортот, но не може да се изостави на ваков успех да не му честитаат и да не го поддржат макар и најмладите во политиката


Велат не треба да се меша политиката и спортот, но не може да се изостави на ваков успех да не му честитаат и да не го поддржат макар и најмладите во политиката. Во моменти кога ја имаме шансата за пласман на квалификациите за ОИ во Лондон, кога имаме играч кој може да влезе во историјата на европските ракометни првенства како најефикасен играч, стрелец, е секако успех за кој сите се радуваме. Како поинаку, ако не преку нашата химна во салата, името Македонија на дресовите на нашиот тим, и извикот на нашите навивачи со полни срца - „Македонија“, светот да дознае и слушне за нас дека имаме врвни спортисти.

Видовме како се гради успех со труд, пожртвуваност и борба. Видовме како се бранат боите на државата со срце и верувајте им покажавме. Покажавме дека сме рамо до рамо со тимови како Данска, Шведска, Германија, европски и светски шампиони со традиција за ракомет со многу дивизии, спонзори и клубови. Од друга страна Македонија од лига со два клуба Со играчи кој што макотрпно тренираат, и играат, успеа да направи одличен резултат. ДА ОДЛИЧЕН и пресреќен и горд сум поради тоа. Резултатот е на ракометарите, затоа што борбата беше нивна, но успехот е гордост за сите нас, затоа што НИЕ, публиката бевме и секогаш ќе бидеме заедно со нив.

Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG