Достапни линкови

Порта „Македонија “- причина за протестна нота од Грција


Грција вчера упатила протестна нота до македонското министерство за надворешни работи поради изработката на портата „Македонија“. Според Атина проблематично е тоа што на Портата е претставено сонцето од Вергина и други релјефи со кои се прекршуваат Привремената спогодба и условите за добрососедски односи. Оваа протесна нота вчера до македонското МНР ја врачила грчката амбасадорка Александра Пападопулу, само една недела по протестната нота за Карневалот во Вевчани. Во грчкото соопштение е наведено дека Пападополу протестирала „поради фактот дека со различни постапки констатно се допринесува за политичко искривување на историската реалност, која се свртува против Грција и останатите соседни земји“.
Од македонското МНР соопштија вчера ја добиле нотата и оти внимателно ќе ја разгледаат содржината и изнесените обвинувања.
XS
SM
MD
LG