Достапни линкови

logo-print

САД ќе кратат од буџетот за одбрана


Американското министерство за одбрана ќе го намали бројот на активни војници за 13 проценти. Секретарот за одбрана Леон Панета на прес-конференција во Пентагон ја презентираша понудата за кратење на буџетот, при што изјави дека постепено ќе треба да се намалува бројот на активните американски војници односно од 570 илјади евидентирани во 2010 година нивниот број до 2017 треба да се намали до 490 илјади војници. Тој додаде дека со намалувањето нема да за загрози воената подготвеност и сила. Според неговиот предлог ќе се намали големината на копнените сили и одложени се нарачки за нови борбени авиони како дел од близу 500 милијарди долари помалиот буџет за одбрана за наредната деценија.
XS
SM
MD
LG