Достапни линкови

logo-print

Карзаи ќе се сретне со Саркози


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ќе се сретне со неговиот француски колега Николас Саркози в петок во Париз. До средбата доаѓа откако Франција најави дека ќе ги повлече своите трупи од Авганистан по убиството на 4-ца француски војници од страна на авганистанскио војник.
Претходно Карзаи при неговата турнеја низ Европа, ќе ја посети и Италија каде е предвидена средба со премиерот Марио Монти. Монти неодамна изјави дека „ Италија нема да го напушти Авганистан“ и потпиша долгорочен договор со Карзаи со кој се предвидува економска,политичка и безбедносна соработка.
Во меѓувреме германскиот парламент го изгласа предлогот за продолжување на мандатот на војската во Авганистан за една година и намалување на бројот на војници од 5350 на 4900 до 1-ви февруари.
XS
SM
MD
LG