Достапни линкови

logo-print

ОН не може да води точна евиденција за жртвите во Сирија


Сирија, Хомс

Сирија, Хомс

Сириска организација за заштита на човековите права соопшти дека сириските безбедносни сили убиле 34 цивили, меѓу кои и 10 деца, при вчерашните судири низ земјата со бунтовниците.
Сириската организација со седиште во Лондон во соопштението наведе дека убиствата биле регистрирани во неколку региони низ Сирија, но најмногу од нив се случиле во градот Хомс. Ваквите информации не се независно потврдени затоа што владините рестрикции оневозможуваат странски новинари да известуваат за случувањата во Сирија.
Комесарката за човекови права на ОН Нави Пилај изјави дека повеќе не можат да водат точна евиденција за жртвите во таа земја, затоа што некои региони се целосно недостапни, па тешко може да се добие точна бројка. Според последните инфомации на ОН, во Сирија загинале над 5400 луѓе од почетокот на немирите.
XS
SM
MD
LG