Достапни линкови

logo-print

Сенегалскиот 85 -годишен лидер подготвен за нов мандат


Сенегалскиот 85-годишен лидер Абдолеј Вејд изјави дека е здрав и го добра форма и дека може да истера уште два мандата по 7 години на својата фунција. Тој ова го изјави во пресрет на претседателските избори кои треба да се одржат во февруари, на кои тој по трет пат се кандидира за претседател и покрај контроверзи според кои тој не може повторно да се кандидира за претседател на земјата, по двата мандата. Аргументот на Вејд е дека неговиот прв мандат го добил во 2000-тата година пред донесувањето на законот во 2007, со кој се ограничува правото на претседателот да одслужи само два мандата.
XS
SM
MD
LG