Достапни линкови

Тортура врз затворениците во либиските затвори


Организацијата „Лекари без граници“ соопштија дека се шокирани до тортурата која се спроведува во либиските затвори во Мисрата. Во нивното соопштение е наведено дека затворениците се носат во амбулантите само за да се оспособат за ново мачење. Извештајот на „Лекари без граници“ се поклопува и со соопштението на организацијата за заштита за човековите права „ Амнести Интернешнл“ каде што е наведено дека тортурата и мачењето на затвореници е забележано и во другите либиски градови.
Директорот на „Лекари без граници“ Кристофер Стоук изјави дека во изминативе неколку месеци нивниот медицинскиот тим лечел 115 луѓе кои биле мачени, и дека нивната улога е да лекуваат луѓе кои се жртви на војна и болни затвреници а не постојано да лекуваат исти затвреници меѓу две сесии на тортура.
XS
SM
MD
LG