Достапни линкови

logo-print

САД прогласија за терористи членови на узбекистански исламистички движења


САД ги прогласија за терористи двајца членови на Исламистичкото движење на Узбекистан и еден член на Узбекистанската исламистичка џихад унија со што им се забранети трансакции и е замрзнат нивниот имот во земјата.
Американскиот Стејт Департмент соопшти дека браќата Јасин и Монир Шоука, кои имаат мароканско и германско државјанство се членови на исламистичка милитантна група која Вашингтон смета дека е терористичка организација.
Мевлут Кар пак е турски и германски државјанин и е член на друга организација. Според соопштението браќата оперирале на границата меѓу Авганистан и Пакистан и вршеле смртоносни операции против меѓународните сили. Додека Кар е баран во Либан, бидејќи се обидел да воспостави ќелија на Ал Каеда во земјата.
XS
SM
MD
LG