Достапни линкови

Египет не им дозволува на американски активисти да ја напуштат земјата


Американскиот секретар за транспорт Реј Лахуд

Американскиот секретар за транспорт Реј Лахуд

Египетските власти му забранија на синот на американскиот секретар за транспорт Реј Лахуд и на други американски државјани да ја напуштат земјата, поради зголемените тензии околу рестрикцијата на работата на меѓународните организации за човекови права. Секретарот Лахуд е најпроминентниот републиканец во администрацијата на американскиот претседател Барак Обама.
Неговиот син Сем Лахуд го води Меѓународниот републикански институт во Египет, кој е еден од десете организации во кои безбедносните сили извршија рација.
XS
SM
MD
LG