Достапни линкови

Груевски одговараше на пратенички прашања


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави дека Владата прави се што е во нејзина моќ да се заштити од економската криза во ЕУ. Груевски одговоарајќи на прашање на пратеникот Влатко Ѓорчев рече дека Македонија во однос на сопствениот долг се наоѓа во безбедна позиција, а и буџетскиот дефицит опстојал на очекуваното ниво да не биде повисок од 2,5 проценти.
На прашањето на пратеникот Тито Петковски дали Грувески има намера да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО одговори дека Владата ги исполнила сите потребни услови, но останува проблемот со името со Грција, кој ниту една партија не успеала да го реши во изминативе 20 години.
XS
SM
MD
LG