Достапни линкови

Дневен печат - Лустрација и слобода на медиуми


Делумното стопирање на лустрацијата, намалувањето на слободата на медиумите и ракометот се дел од темите за кои пишуваат дневните весници.

Ни оддалеку со толкава гласност и помпа во медиумите, како кога беа „откривани“ наводните кодоши во ликовите на познати политичари и интелектуалци, не беше проследена веста дека Уставниот суд, конечно, ја запира лустрацијата.
Новинарите, адвокатите и свештениците куртулија од лустрација.

Утрински објави дека се стопира лустрирањето на поранешните функционери, членови на организации, новинари, адвокати, како и членови на фондации, верски заедници и др. ВМРО-ДПМНЕ, пишува весникот, се лути на уставните судии.

Вечер дискретно забележува дека „Новинарите, адвокатите и свештениците куртулија од лустрација“.
Новите владини реклами за туризмот повторно ги доби агенцијата-миленичка на владејачката партија, 'Република', во вредност од околу половина милион евра.

Веста дека „Репортери без граници“ ја смести Македонија дури на 94 место според слободата на говорот ја објави само Утрински. Весникот дообјаснува дека во 2009 година сме биле на 34 место.

Само Утрински и Дневник го објавија најновиот извештај на Комитетот за спречување тортура на Советот на Европа за однесувањето на полицијата со приведените и состојбите во македонските затвори. „Полицијата пак тепа, а во затворите не се дише“ е насловот во Утрински, а Дневник во насловот ја изостава полицијата и насловува: „Затвореници во Идризово под клуч 23 часа на ден“.

Инаку, во фокусот на вниманието на Нова Македонија, Дневник и на Вечер се македонските навивачи на европското ракометно првенство во Србија, а Дневник покренува иницијатива за помирување на навивачките фанови од Македонија за да се избегнат меѓусебните националистички навреди на натпреварите од страна на Македонците и на Албанците.

Нова Македонија објавува интересно истражување на УСАИД во Македонија кое покажало дека државава сега е повеќе партизирана отколку во времето на комунизмот, кога Сојузот на комунистите на Македонија имал само 163 илјади членови, наспроти 26,2 проценти сегашни членови на партии од целото население со право на глас.

„Новите владини реклами за туризмот повторно ги доби агенцијата-миленичка на владејачката партија“, 'Република', во вредност од околу половина милион евра, информира Утрински.

Речиси сите печатени медиуми јавуваат за средбата на вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи со грчкиот колега Пангалос, како и за настапот на премиерот Груевски во Евроатлантскиот совет на НАТО, но дневниот Фокус оди со наслов: „Шефе, ај ние малку да глумиме преговори?“, забележувајќи дека ДУИ го покрива ВМРО-ДПМНЕ на надворешно-политички план и дека вмровците свесно им го препуштија меѓународниот терен на „интегративците“, па се прашува зошто е тоа така.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG