Достапни линкови

Ракометарите носители во баражот за пласман на Светското првенство


Македонската ракометна селекција ќе биде меѓу носителите во баражот за пласман на Светското првенство 2013 година во Шпанија. Во групата со Македонија ќе бидат и репрезентациите на Словенија, Унгарија, Германија, Исланд, Полска и Шведска. Првите бараж натпревари се играат на 9 и 10 јуни, а реваншите се на 16 и 17 јуни. Ждрепката е закажана за 29 јануари во 13 часот.
Пет репрезентации од Европа веќе се квалификуваа за СП и тоа Франција, која ја брани титулата, Шпанија како домаќин и Хрватска, Данска и Србија, како најдобро пласирани репрезентации ЕП.
XS
SM
MD
LG