Достапни линкови

Грција останува на тврдите позиции во спорот со името


Демонстрациите во Грција по одлуката на Хашкиот суд на правдата во корист на Макеоднија

Демонстрациите во Грција по одлуката на Хашкиот суд на правдата во корист на Макеоднија

Грчкиот амбасадор Трифон Параскевопулос по вчерашниот состанок на Серверноатлатнскиот совет во Брисел изјави дека Атина во однос на проблемот со името со Македонија и натаму останува на најтврдата позиција „ерга омнес“ за севкупна употреба.
Сите амбасадори позитивно го оценија ангажманот на Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан, како и реформскиот процес и улогата на земјата во обезбедувањето на регионалната стабилност. Според амбасадорите пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг треба да се гледа како дополнување за постигнување напредок во спорот со името.
Премиерот Никола Груевски во неговото обраќање пред Советот побара на Самитот во Чикаго на Македонија да и биде доделена покана за членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG