Достапни линкови

Поделеност во општеството, поделеност и во училиштата


Непознати сторители го запалија македонското знаме на плоштадот Скендер бег во Скопје. Снимката беше објавена во ноември 2011.
Непознати сторители го запалија македонското знаме на плоштадот Скендер бег во Скопје. Снимката беше објавена во ноември 2011.

Малку треба во оваа земја, па да се поделат луѓето на ваши и наши. Палење на знамиња, извикување на националистички пароли на спортски натпревари и веднаш се палат страстите. Училиштата се најдоброто место да се намали поделбата по национална основа.

Треба да се зголемат напорите за борба против поделба меѓу децата од различни етнички групи во образовниот систем, препорачуваат европратениците во Извештајот за Македонија на британскиот европратеник Ричард Ховит. Се препорачува да се изработат нови учебници и да се прекине со штетните практики на етнички смени присутни во некои училишта.
Постои поделеност и во општините и во самите училишта генeрaлно зборувам, иако има исклучоци. Се трудиме да дадеме придонес во зближување на учениците, пред се приоритет ни се основните училишта бидејќи цениме дека основното образование има големо влијание врз развојот на децата уште од мали.
Сашо Стојковски,Нансен дијалог Центар

Во земјава во неколку училишта се спроведуваат проекти на интегрирано образование, каде низ воннаставни активности учениците го учат јазикот на другата етничка заедница, што е основа на Стратегијата за интегрирано образование која ја препорача ОБСЕ.

Нансен дијалог Центар во 5 училишта во Македонија спроведува проекти за интегрирано образование.

„Постои поделеност и во општините и во самите училишта, генeрaлно зборувам, иако има исклучоци. Се трудиме да дадеме придонес во зближување на учениците, пред се приоритет ни се основните училишта бидејќи цениме дека основното образование има големо влијание врз развојот на децата уште од мали“, вели Сашо Стојковски од Нансен дијалог центар Скопје.


Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција, кој предава во училиште каде наставата ја следат ученици од три етнички заедници, вели дека е лошо кога ќе ги поделите децата од различни етникуми да учат во различни смени и училишта.

Ние немаме суштинско, системско ориентирање кон градење на граѓанска држава и особено во интелектуалниот дел немаме јак антинационалистички дискурс.
Артан Садику, аналитичар.
„Не можат да имаат контакти, не можат да имаат близина, не можат да имаат пријателство, ниту пак можат да си помагаат во делот на наставата или вон наставните активности, сметам дека е најдобро интегрирањето во исти смени.“

Но поделеноста на националан основа не е присутна само во училиштата. Малку треба во оваа земја, па да се поделат луѓето на ваши и наши. Палење на знамиња, извикување на националистички пароли на спортски натпревари и веднаш се палат страстите. Па регираат партии, невладини организации, интелектуалци, се смирува состојбата, и така се до следниот пат. Проблемот е што рекцијата на ваквите настани е спорадична, вели аналитичарот Артан Садику.

„Ние немаме суштинско, системско ориентирање кон градење на граѓанска држава и особено во интелектуалниот дел немаме јак антинационалистички дискурс.“

Само оваа недела се случија неколку настани што повторно ја актуелизираат поделеноста во општеството. Прво извикување на нациолистички анти-албански пароли од страна на македонските навивачи на ЕП во ракомет во Србија, па како одговор на тоа, новинарите во албанската редакција во македонско радио го бојкотираа преносот на ракометот, а беше запалено и македонско знаме пред општинската зграда во Струга.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG