Достапни линкови

Нема напредок во израелско - палестинските преговори


Палестински претставници соопштија дека најновите разговори со израелски претставници за обновување на мировниот процес, завршиле без никаков прогрес. Двете делегации, во овој месец одржаа пет состаноци во Јордан. Инаку, во Аман денеска шефицата за надворешна политика Кетрин Ештон треба да се состане со палестинскиот лидер Махмуд Абас. Ештон вчера разговараше со исраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се заложил за продолжување на преговорите со палестинците.
XS
SM
MD
LG