Достапни линкови

Давос - Бизнисмените контра политичарите


Сите се согласни дека е потребна итна реакција на кризата во евро-зоната, но нема единствен став за мерките. Тема и иднината на Капитализмот.

Во Давос продолжува Светскиот Економски Форум, на кој главна тема е кризата во евро-зоната и нејзиното влијание врз светската економија. Познатиот финансиер Џорџ Сорос, на форумот оцени дека мерките што ги предлага Германија з аизлез од кризата, ќе генерираат економски и политички тензии и можат да ја уништат Европската Унија.

Светскиот Економски Форум во Давос, секоја година е собир на над 2 ипол илади топ бизнис лидери и политичари, кои ги разгледуваат актуелните и идните текови на светската економија. На вчерашното отворање на форумот, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е потребно големо преиспитување за надминување на кризата во евро-зоната во глобалната економија, структурни Меркел на форумот во Давос

Меркел на форумот во Давос

реформи и отворање нови работни места.

„Она што не го сакаме е ситуација кога ќе ветиме нешто,а не сме способни да го исполниме.“

Таа додаде дека мерките за штедење, спореведени во некои европски земји, мора да бидат балансирани со реформите во управувањето со Европската Унија.

Познатиот американски финансиер и филантроп, Џорџ Сорос, исто така зборувајки во Давос, ја критикуваше Германија за наметнување на свои ставови врз останатите земји членки на Унијата.

„Германија се однесува како господар, воведува строга фискална дисциплина. Тоа ќе генерира и економски и политички тензии кои можат да ја уништат Европската Унија.“

Сорос додаде дека послабите земји членки на евро-зоната добиваат статус како земји од третиот свет, со тоа што мора да ги враќаат долговите во странска валута.

Форумот во Давос, инаку, се одржува по предупредувањето од Меѓународниот Монетарен Фонд дека глобалната економија е длабоко во опасна зона, а оти кризата во евро-зоната бара ургентна акција. Во едно истражување, објавено деновиве, се наведува дека бизнис лидерите имаат мало влијание врз способноста на политичарите брзо да ги решаваат проблемите. Една од темите на форумот е и иднината на капитализмот. Директорот на Светскиот Економски Форум во Давос, Роберт Гринхил вели:

„Едно од клучните прашања на годинешниот Форум е како бизнисот да не биде само дел од проблемот, туку и клучен дел од решенијата. Како корпорациите, со нивите експертизи, можат да го унапредат одржливиот развој.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG