Достапни линкови

Кина и Русија против санкциите на ЕУ за Иран


Кинеското министерство за надворешни работи ја критикуваше одлуката на Европската Унија за воведување ембарго за нафта против Иран. Според кинеската агенција Ксинхуа, реакцијата од Пекинг е слична како на онаа од Москва со која се оценува дека потегот на Европската Унија не од корист во напорите за наоѓање решение за кризата со иранската нуклеарна програма, низ преговори. Русија и Кина се против проширувањето на санкциите против Иран во Советот за безбедност на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG