Достапни линкови

Се урна мултикатна зграда во Рио де Женеиро


Рио де Женеиро - архива

Рио де Женеиро - архива

Градоначалникот на Рио де Женеиро, Едуардо Паес изјави дека во центарот на градот вчера се урнала тројна мулти – катна зграда.
Првата имала 20 спрата, втората 10 и третата 4 спрата. Паес изјави дека е рано да се каже колку има жртви, но според бразилската телевизиска мрежа Глобо при колапсот на зградата имало 11 жртви додека другите бразилски медиуми јавуваат за две загинати лица.
Спасувачките екипи пак јавуваат дека во урнатините имало заробени луѓе. Засега не се знае причината на несреќата, но, според очевидци, претходно одекнала експлозија и се чувствувал мирис на гас.
XS
SM
MD
LG