Достапни линкови

Русија е против воведување санкции за Сирија преку ОН


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија останува цврсто на својата позиција дека ќе го блокира секој обид за воведување санкции за Сирија преку ОН, оценувајќи дека усвојувањето таква резолуција ќе биде контрапродуктивно. Русија од порано е сириски сојузник зашто Сирија е еден од големите купувачи на руско вооружување. ОН проценуваат дека од избувнувањето на немирите во Сирија загинале над 5,400 луѓе. Советот за Безбедност на ОН досега не беше во можност да усвои резолуција за Сирија поради тоа што не постои усогласен став меѓу членките.
XS
SM
MD
LG