Достапни линкови

Светската Банка ја предупредува Европа на проблеми со работната сила


Светската Банка во најновиот извештај ја предупредува Европа дека во наредните пет децении годишно ќе губи околу еден милион работници и дека за решавање на дефицитот на работна сила ќе биде потребен нов општествен консензус. Ова го соопшти синоќа оваа институција во извештајот во кој се анализираат 45 земји од Европа. Со популација која забрзано старее, имиграцијата и пензиите, проекциите покажуваат дека работната сила ќе се намали од 325 милиони на 275 милиони, пишува во извештајот на Светската Банка објавен во Брисел.
XS
SM
MD
LG