Достапни линкови

Времето денеска,облачно со повремен снег


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Ќе има и појава на голомразица. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој ќе услови појава на снежни наноси.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до нула, а дневната од минус пет до еден степен.Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и студено со повремен снег, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до минус еден степен.Од петок следува период на претежно ведро, стабилно и студено време.
XS
SM
MD
LG