Достапни линкови

Груевски оствари средба со Расмусен


Средба на генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен со македонскиот премиер Никола Груевски во Скопје.

Средба на генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен со македонскиот премиер Никола Груевски во Скопје.

Премиерот Никола Груевски од Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен на денешната средба побарал повторно да се разгледаат заклуцоците од Самитот на Алијансата во 2008 година во Букурешт кои се однесуваат на Македонија.

Како што јавува МИА од Брисел, Груевски побарал и да се земе во предвид Хашката пресуда и да се почитува Времената спогодба од 1995 година, а Грција како членка на НАТО, да го почитува меѓународното право и да не ја користи економската криза во државата како изговор за избегнување натамошен дијалог под покровителство на медијаторот Метју Нимиц како минатата недела во Њујорк.
XS
SM
MD
LG