Достапни линкови

Лустрација само за државни функционери


Уставен Суд

Уставен Суд

Уставниот суд донесе времена мерка за стопирање на 12 члена од Законот за лустрација. Лустрацијата се стопира за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори.

Уставниот суд поведе постапка за дванаесет членови од законот за лустрација, со што привремено запира извршувањето на спорните норми од истоимениот закон. Уставниот суд изрази сомневање за уставноста на одредбите кои се однесуваат на поранешните носители на јавни функции, потоа за физичките лица во
Под образложение дека не се носители на јавни функции, Уставниот суд поведе постапка и за членот кој се однесува на основачите, вработените новинари и уредници во трговските радио-дифузни друштва, непрофитните радио-дифузни установи, како и основачите и вработени во трговските друштва од областа на печатот, адвокатските друштва и адвокатите како и медијаторите.

организациите, потоа за основачите, вработените новинари и уредници во трговските радио-дифузни друштва, непрофитните радио-дифузни установи, како и основачите и вработени во трговските друштва од областа на печатот, адвокатските друштва и адвокатите како и медијаторите.

Судот изрече привремена мерка со која запира извршувањето на поединечните дејствија преземени со спорните одредби од законот, зошто изразил сомневање дека тие излегуваат од уставните рамки и со нив се повредува слободата како уставно загарантирано право.

Судот ја оспорува одредбата од законот кој се однесува на „лица кои биле носители на јавни функции, а не се починати“, под образложение дека истиот ги става во нееднаква положба со оние кои се носители и имаат таква обврска, а со тоа се навлегува и во моралниот интегритет и достоинство кои пак се уставно загарантирани.
Државен архив, лустрација

Државен архив, лустрација


За судот спорен е делот „од периодот на ...“зошто постоењето на моментот кој се започнува проверката, а немањето момент на заврпување на истата, ја прави одредбата недоволно прецизна и недоволно јасна.

Уставниот суд поведе постапка за членот кој се однесува на организациите кои се опфатени со овој закон. Судот поведува постапка зошто смета дека со тоа се повредува слободата на граѓаните за здружување заради остварување на политички, економски, социјални и културни права и уверувања. Уставниот суд смета дека законодавецот ги надминал уставните гаранции за слободата на граѓаните за здружување.

Под образложение дека не се носители на јавни функции, Уставниот суд поведе постапка и за членот кој се однесува на основачите, вработените новинари и уредници во трговските радио-дифузни друштва, непрофитните радио-дифузни установи, како и основачите и вработени во трговските друштва од областа на печатот, адвокатските друштва и адвокатите како и медијаторите.

Инаку судот ја отфрли иницијативата за неуставноста на законот во целина. Според Судот законодавецот има уставно право да ги уредува сите сфери на општественото живеење, но не смее да излегува надвор од уставните рамки.
Поведената постапка е само сомневање кое го искажува судот. Во натамошната фаза постапката може да добие различна завршница. Може да се запре изразеното сомневање или пак да се укине или поништи одредена одредба.
Привремените мерки ќе траат околу два месеца, по што Уставниот суд треба да донесе конечна одлука по иницијативите за утврдување на уставноста и законитоста на спорните членови и законот во целост.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG