Достапни линкови

logo-print

Либискиот министер за одбрана го посети Бани Валид


Либискиот министер за одбрана Осама ал Џували го посети Бани Валид, поранешното засолниште на Моамер Гадафи. Посетата на Џували е поради судирот на локалните бунтовници и про-владината полиција при кој загинаа најмалку 5 лица.
Според локалните власти министерот се сретнал со водачите на племињата. Жителите на Бани Валид ги отфрлаат обвинувањата дека тие и натаму му се лојални на поранешниот лидер Гадафи, кој беше убиен во октомври во минатата година.
XS
SM
MD
LG