Достапни линкови

Тројца македонски државјани загинале во собраќајка кај Прешево


Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа изутринава во близина на Прешево во Србија. Портпаролот на полициската управа во Врање Драган Стаменковиќ изјави дека настраданите со својот автомобил удриле во камион со грчки регистaрски ознаки.
Според Радио Телевизија Врање, во несреќата настрадале Бесим Фетаи, Османи Осман и уште еден македонски државјанин чиј идентитет се уште не е утврден. Возачот на камионот не бил повреден и е задржан во притвор.
XS
SM
MD
LG