Достапни линкови

„Јас, Љубам, Бог“ е насловена четвртата претстава на Буден театар. Монодрамата е авторски проект на Милиана Ленак базиран на збирките „Хенри и Џун“ и „Инцест“ од едицијата нецензурирани дневници на писателката Анаис Нин - „Дневник на љубовта“.

Неколку месеци по успешното предпремиерно претставување во рамките на последното издание на МОТ, се случува и премиерната изведба на проектот „Јас , љубам, бог“ што како автор го потпишува Милиана Ленак. Се работи за монодрама во која таа се јавува како актерка и режисерка и во која сценариото е базирано на збирките „Хенри и Џун“ и „Инцест“ од едицијата нецензурирани дневници на Анаис Нин со наслов „Дневник на љубовта“.
Таа книга ја имав многу одамна и уште при првото читање ми се јави голем страствена желба да се занимавам со тој текст, затоа што ме фасцинираше искреноста на Анаис, нејзината посветеност на тоа навистина да се истражува себе си и навлегувајќи многу длабоко и прекршувајќи ги сите возможни морални табуа и норми на однесување.

Во претставата е опфатен периодот од животот на Анаис Нин во кој иако и самата во брак, таа имала љубовна афера со писателот Хенри Милер како и со неговата сопруга Џун, а подоцна и инцестуозна врска со сопствениот татко. Нин на овој начин ги преиспитува сите постоечки норми и нејзинот живот е свесно воден експеримент за поместувањето на границите и истражувањето на последиците од слободата. Оваа претстава без да трага по одговори, ги споделува импулсите на Анаис кои будат кон посетилно, посмело, поискрено живеење.

„Таа книга ја имав многу одамна и уште при првото читање ми се јави голема страствена желба да се занимавам со тој текст, затоа што ме фасцинираше искреноста на Милиана Ленак, актерка и режисер

Милиана Ленак, актерка и режисер

Анаис, нејзината посветеност на тоа навистина да се истражува себе си и навлегувајќи многу длабоко и прекршувајќи ги сите возможни морални табуа и норми на однесување.“

Концептуалниот пристап во градењето на „Јас, љубам, бог“, се отсликува во начинот на кој е создадена звуковноста креирана од
Повторно како монодрама ќе ја работам и ќе биде пак еден интересен пристап, ќе биде една престава работена за многу мал број на деца, ќе имаат можност да опипаат како расте тој жив свет и колку треба да бидеме навистина внимателни кон се што е живо и се што расте, затоа што не знаеме во кое од тие цвеќенца постои една малечка Палешка.

композиторот Виктор Гајтаноски. Музиката во претставата се потпира само од звук на машина за чукање и човечки глас, како паралела на двете основни форми кои ја одредуват Анаис: онаа на писателка и онаа на љубовница. Ритамот на говорот на актерката постојано се преплетува со ритамот на музиката, создавајќи интензивни , вжештени звучни слики кои кореспондираат со непредвидливата , дива и ослободувачка содржина на мислите на Анаис Нин.

Во креирањето на оваа уникатна музика, голем удел имаат Ана Христова, Сенко Велинов ,Огнен Анастасовски, Кристина Леловац, Александар Стојанов –Зорин и Моира Ленак чии вокали се користени. Оригиналните костими, кои се дефинираат со својата минималистичност и прецизност се дело на Маја Димовска, пописник на кореографијата во претставата е Искра Шукарова, а фотографиите за пропагандните материјали ги изработи Дарко Христов.

Инаку, по „Црна птица“, „Тој и јас“, „Муминтрол и зимата“ и „Јас, љубам, бог“, Буден театар се подготвува за нов проект – претставата за деца „Палешка“.

„Повторно како монодрама ќе ја работам и ќе биде пак еден интересен пристап, ќе биде една претстава работена за многу мал број на деца, ќе имаат можност да опипаат како расте тој жив свет и колку треба да бидеме навистина внимателни кон се што е живо и се што расте, затоа што не знаеме во кое од тие цвеќенца постои една малечка Палешка“, дополнува Милиана Ленак.

Репризата на „Јас, љубам, бог“ ќе биде во недела на 29 јануари.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG