Достапни линкови

Школскиот превоз во Битола навистина бесплатен


Протест на битолските превозници во ноември 2011 година.
Протест на битолските превозници во ноември 2011 година.

Школскиот превоз во Битола навистина е бесплатен, никој не го плаќа. Државата им должи на превозниците над еден милион евра за превозот на учениците во изминатите две години.

И во вторто полугодие од учебната година превозниците кои вршат бесплатен школси превоз во Битолскиот регион влегоа со старите проблеми. Државата се уште им должи над еден милион евра за превозот на учениците во изминатите две години. Досега не е изнајдено решение за исплатата на сумата, па неизвесно е до кога фирмите ќе имаат сила на свој трошок да ги возат учениците.
За декември ни платија 60 проценти од сумата што ни ја должат за еден месец. Вкупниот долг се уште се влечи и е околу еден милион евра. Градоначалникот ни вети уште една недела да почекаме да види дали ќе може да издејствува да се снабдиме со нафта околу 1000 тони.
Александар Стојчевски, превозник.

„За декември ни платија 60 проценти од сумата што ни ја должат за еден месец. Вкупниот долг се уште се влечи и е околу еден милион евра. Градоначалникот ни вети уште една недела да почекаме да види дали ќе може да издејствува да се снабдиме со нафта околу 1000 тони. Беа отворени сите прашања, кој треба да плати и дали ќе се прекине превозот, но без заклучок излеговме од тој состанок“, вели превозникот Александар Стојчевски.
Училиштен автобус.
Училиштен автобус.

Во битолскиот регион над 3.000 ученици го користат бесплатниот школски превоз. Општината од Министерството добива средства само за трошоците од превозот на учениците од Битола, а не и за оние кои доаѓаат од соседните општини.
Јас сум убеден дека ќе се најде решение. Но, доколку не се најде целосно решение, општина Битола стои на располагање да најдеме повторно времено решение.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

„Долгот секој месец расте. Министерството за образование и пушта на Битола делумно или 60 отсто од средствата, а 40 отсто се пуштаат на другите општини околу Битола од каде исто превезуваме патници. Од тие општини не и ги префрлуваат тие пари на битолската општина“, додава Стојчевски.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески вели:

„Останува проблемот да се дореши. Во текот на неделата договорени сме со ЗЕЛС да направиме уште една средба. Се направи една работна група која ги согледа сите проблеми. Јас сум убеден дека ќе се најде решение. Но, доколку не се најде целосно решение, општина Битола стои на располагање да најдеме повторно времено решение.“

Поради неисплатени долгови од државата, превозниците пред два месеци протестираа и го прекинаа превозот. Тогаш општината им обезбеди нафта за да продолжат со работа и им беше исплатен минимален дел од долгот.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG