Достапни линкови

Опозициониот лидер Саникау бил принуден да бара слобода од Лукашенко?


Белорускиот претседателски кандидат Андреј Саникау

Белорускиот претседателски кандидат Андреј Саникау

Сопругата на белорускиот претседателски кандидат Андреј Саникау изјави дека тој бил принуден да напише писмо до претседателот Александар Лукашенко во кое бара да биде ослободен од затвор. Се уште не се знае дали Лукашенко одговорил на писмото испратено во ноември во минатата година.
Ирина Калип која го посетила нејзиниот сопруг во затворот во минатиот петок изјави дека Саникау изгледал како човек кој поминал најмалку десет години во некој камп на Сталин.
Саникау како кандидат на опозицијата на претседателските избори во 2010 година заврши на второто место.
XS
SM
MD
LG