Достапни линкови

Македонија на 94 место по слобода на печатот


Во најновиот годишен Индекс на слободата на печатот во светот што денеска го објави организацијата ,,Репортери без граници,, Македонија е на 94 место од 179 земји. Во минатата година Македонија беше на 68, додека во 2009, по слободата на печатот, Македонија го имаше високото 34 место. ,,Контролата врз вестите и информациите продолжува да ги примамува владите, но и да го става под прашалник опстанокот на тоталитарните и репресивни режими,, се оценува во извештајот на ,,Репортери без граници,,.
XS
SM
MD
LG